Фантастична деби партија на вардаровиот голман

Милосављев е најдобар голман во првото коло од ЛШ, ја има и најдобрата одбрана! (ВИДЕО)

Вардар не го почувствува заминувањето на Штербик во првото коло од Лигата на шампионите, бидејќи фантастична деби партија во ова натпреварување имаше новиот голман, Дејан Милосављев.

Младиот српски голман имаше фантастична партија на гостувањето кај Монпелје со 16 одбрани со кои му помогна на Вардар да стартува со победа над Европскиот шампион и тоа на негов терен.
 
Атрактивната тројна одбрана на Милосављев е најдобрата на колото, во топ пет е и Арпад Штербик кој се наоѓа на четвртата позиција.
 
Најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете ТУКА.
 
Дејан Милосављев е прогласен и за најдобар голман во првото коло од Лигата на шампионите.
 
Видеото од идеалниот тим можете да го погледнете ТУКА.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе