Металург со лоша игра во финишот од мечот пропушти да оствари победа против Адемар Леон. Македонскиот тим водеше во најголем дел од мечот, а на крајот се спасуваше од пораз.
Тимот од Автокоманда одлично отвори, имаше водство од 5-2, но Адемар Леон се врати успеа да изедначи, сепак на полувремето Металург замина со таа предност од три разлика 16-13.
Нашиот тим во второто полувреме имаше и највисоки четири разлика, но како одминуваше времето почна да паѓа. Адемар Леон првото водство го имаше прии 25-24. Шпанците имаа водство од 27-26 кога Калугеровиќ во последните секунди погоди за конечни 27-27.
Мартин Серафимов со седум голови беше најефикасен во составот на Металург, кај Адемар Леон исто толку постигна Гонзало Перез Арсе.
Металург настапот во Европската лига го заврши на последното место во групата со четири освоени бодови.