Европска лига

Металург со сладок пораз се враќа од Швајцарија, се пласираше во групната фаза од Европската лига!

Металург загуби на гостувањето кај Криенс со 22-21, но победата од два разлика во првиот меч се покажа како доволна за пласман во групната фаза од Европската лига. 

Фото: РК Металург
Македонскиот тим го доби првиот меч со 26:24, па на денешното гостување во Швајцарија бранеше предност од два разлика и ја оствари целта.
 
Натпреварот во Цирих беше неизвесен во целиот тек, во првото полувреме ниту еден тим не поведе со два разлика, екипите се менуваа во водство, на полувремето Криенс имаше предност од 12:11.
 
Во вториот дел домаќините дојдоа до посакуваните три разлика, неколку пати имаа таква предност, но не успеаа да ја задржат до самиот крај. Момците на Кастратовиќ одиграа најдобро кога требаше и дојдоа до посакуваниот резултат.
 
Криенс победи со 22:21, но не се израдува на триумфот, Металург се пласира во групната фаза од Европската лига.
 
Дупјачанец имаше одлична партија, со 11 одбрани беше еден од главните на теренот, Канкараш постигна пет гола, по четири пати реализираа Хорват и Тарабокија.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Металург

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе