СЕХА лига

Металург со рекорден резултат ја победи Војводина

Металург ја оствари победата со најмногу голови разлика во СЕХА лигата со денешниот триумф над Војводина од 39:20.  

Војводина на гостувањето во Скопје дојде со младинскиот состав, па прашање беше само Металург со колку разлика ќе ја оствари победата.
 
Тимот од Автокоманда кој ја одигра најлошата сезона во СЕХА лигата досега, немаше милост кон младинците на Војводина до тој степен што урна и рекорд во регионалното натпреварување. Претходно, највисоката победа ја имаше Мешков Брест над Извиѓач со 18 голови разлика, 40:22.
 
Металург тргна фуриозно, уште на почетокот се виде дека гостите ги очекува дебакл, македонскиот тим имаше предност и од 10-1. На полувремето се замина со 19:7. Во вториот дел предноста дополнително беше зголемена за конечни 39:20.
 
Најфикасни во составот на Металург беа Шилегов, Серафимов, Маџовски и Младеновиќ со по шест постигнати гола. Томовски одбрани четири топки, Даниловски пет.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе