СЕХА Лига

Металург со полна мрежа се враќа од Брест

Металург доживеа нов пораз, овој пат во натпревар од СЕХА лигата загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 35:30.

Металург се носеше во првото полувреме, но во вториот дел домаќинот покажа дека е поквалитетен противник и дојде до очекуваниот триумф.
 
Мешков неколку пати во првиот дел имаше предност од четири гола разлика, Металург се врати, успеа да изедначи, на полувремето домаќинот имаше предност од 18:17.
 
Во вториот дел Мешков ја зголеми разлика, го контролираше мечот, имаше водство и од осум разлика, на крајот славеше со пет, 35:30. Ова беше мечот во кој македонскиот тим прими најмногу голови оваа сезона.
 
Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасниот кај Металург, Јагањац постигна седум.
 
По овој натпревар Металург директно патува за Истанбул каде што има натпревар од Лигата на шампионите против Бешикташ.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе