СЕХА лига

Металург со гол во последната секунда го победи Извиѓач

Металург конечно победи, Шпенде од пенал во последните моменти од мечот му ја донесе втората победа на македонскиот тим во СЕХА лигата, беше совладан Извиѓач на негов терен со 31:30. 

Во 13. натпревар од СЕХА лигата, Металург дојде до втората победа. Во дербито на дното македонскиот тим за еден гол беше подобар од домаќинот Извиѓач.
 
Првото полувреме помина во изедначена игра, а на одморот Металург замина со предност од 16:14. И во вториот дел Металург најчесто ја имаше предноста но домаќинот во финишот направи пресврт.
 
Во 58. минута Извиѓаш имаше предност од 30:28, но Металург направи серија од 3-0 и со гол на Шпенде од пенал по истекот на времето дојде до победа од 31:30.
 
Шпенде и Шилегов блескаа на овој меч, и двајцата постигнаа по девет голови. Во составот на Извиѓач Домагој Алиловиќ даде осум голови.
 
Ова беше последен натпревар за Металург во СЕХА лигата за оваа година. 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе