СЕХА Лига

Металург пружи силен отпор но немаше сили за изненадување против Загреб

Во драматична завршница, Металург загуби на гостувањето кај Загреб во СЕХА лигата, домаќините се радуваа на победа од 30-28

Тимот од Автокоманда пружи силен отпор на гостувањето кај шампионот на Хрватска, избраниците на Александар Јовиќ во првиот дел на моменти беа и подобар противник, и во неколку наврати имаа водство. Загреб ја превзеде контролата врз мечот кон финишот на првите 30 минути и на пауза замина со предност од 15-13.

Домаќините го диктираа темпото и во продолжението од средбата и во 42. минута стигнаа до највиски +4 (22-18). Металург не се предаде и стигна до 29-28 на 60 секунди до крајот на мечот.

Сепак, Домагој Павловиќ реализираше за 30-28 и го оневозможи Металург да има напад за реми.

Халил Јагањац со девет гола беше прв стрелец во редовите на Металург, Филип Кузмановски забележа осум, а одличен беше и Мартин Томовски со 10 интервенции.

Во редовите на Загреб, Хорват со осум погодоци беше најдобар поединец.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе