Поради лошите авионски врски во време на пандемијата, раководството на Металург се решило своите ракометари да ги прати со автобус во Шпанија. По 43 часа конечно пристигнале.
„По 3000 км, поминати за 43 часа, Металург конечно пристигна во Леон. Нашата авантура, која предизвика огромен интерес во ракометниот свет, среќно заврши пред вратите на хотелот во кој ќе биде сместен нашиот тим. Сите ракометари се добро, сите се расположени и со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар. Утре наутро Металург веројатно ќе го искористи своето право за полесен тренинг, колку да ја осети подлогата во “Палатата на спортовите“ во Леон“, стои во соопштението на клубот.
Ова е само половина од патешествието на ракометарите бидејќи истиот пат ќе треба да го поминат и за враќање.
Натпреварот против Адемар Леон се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.