Европска лига

Металург на 30 август ќе ја пречека Спачва во Европската лига, Хрватите одбиле да ги играат двата меча во Скопје

Металург соопшти дека 30 август е датумот кога ќе ја пречекаат Спачва во првиот квалификациски меч за Европската лига. 

Македонскиот клуб предложил и двата меча да се играат во Скопје, но од Спачва се чини дека веруваат во своите квалитети и не сакаат да ја пропуштат можноста за реванш на свој терен и покрај тоа што ќе се игра без публика.
 
„Првата средба од двомечот од првото квалификациско коло во Лига Европа, меѓу екипите на Металург и на Спачва, ќе се одигра во салата “Автокоманда“, на 30 август, а истата ќе почне во 19 часот и ќе се одигра без присуство на публика, според сите протоколи на ЕХФ.
 
Металург на својот противник му предложи двете средби да се одиграат во Скопје, но раководството на хрватскиот клуб го одби овој предлог. Според тоа, првата средба ќе се одигра во утврдениот термин во Автокоманда, додека реваншот ќе се игра на теренот на противникот во Винковачко Село“, стои во соопштението на Металург.

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе