Заминува и најдобриот

Металург ќе биде уште послаб, го продадоа Јагањац на Нексе

Најдобриот ракометар на Металург, Халил Јагањац потпишува за Нексе кој ќе го плати обесштетувањето кое го бара македонскиот клуб. 

Пред почетокот на сезоната од Металург замина Филип Кузмановски, а сега тимот од Автокоманда го напушта и Халил Јагањац.
 
Хрватскиот ракометар беше најдобар играч на Металург во изминатата сезона и на почетокот од оваа, но македонскиот клуб реши да го продаде и да заработи на неговото заминување.
 
Иако и Загреб се интересираше за Јагањац, тој реши да ја прифати понудата од Нексе, се верува дека овој клуб ќе му плати на Металург 100.000 евра за да го обезбеди потписот на младиот хрватски ракометар.
 
Металург оваа сезона се уште нема победа ниту во СЕХА лигата, ниту во Лигата на шампионите, со заминувањето на Јагањац тимот на Брестовац ќе биде уште послаб и помалку конкурентен во двете натпреварувања.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе