Иако веќе го нема сјајот од минатото кога двата клуба имаа тимови со изедначен квалитет, дербито меѓу Металург и Вардар се уште привлекува внимание.
Вечерва Металург го пречекува Вардар и со тоа започнува вториот круг од регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата.
Вардар е голем фаворит на денешниот дуел со Металург, но тренерот Парондо е претпазлив.
„Секогаш кога играме со Металург може да се случи нешто неочекувано бидејќи тоа се дерби средби. Тоа се два тима кои се големи ривали и сите знаат дека тоа е повеќе од обичен натпревар. Очекуваме добра атмосфера и верувам и гледачите ќе уживаат во мечот. Според мене најважно е Скопје да има два навистина добри клуба“, изјави Парондо.
По девет одиграни натпревари Вардар е на третото место зад Загреб и Прешов но со меч помалку од нив, Металург е деветти со само една победа и едно реми.