ЕХФ го објави списокот на апликанти за новата сезона од ЛШ

Металург и Еурофарм Работник имаат голема конкуренција за место во Лигата на шампионите!

ЕХФ денеска ги објави апликантите за новата сезона во Лигата на шампионите, Вардар како бранител на трофејот е сигурен македонски учесник, а вајлд карта побараа Металург и Еурофарм Работник.

35 клубови (од кои 20 шампиони во своите држави) од 21 земја аплицираа за настап во Лигата на шампионите следната сезона, место ќе има за 28. Како и во изминатите сезони, групите А и Б ќе бидат оние посилните во кои ќе има по осум екипи, а Ц и Д ќе бидат составени од по шест учесници.
 
Конечната листа на учесници ќе биде позната на 21 јуни. Ждрепката за евентуалните квалификации ќе се случи на 26. јуни, додека ден подоцна во Виена ќе биде ждрепката за групната фаза од новата сезона.
 
Вардар како шампион на Европа и клуб со исклучително висок ранг во Лигата на шампионите од последните сезони ќе има загарантирано место во силните групи. А Металург и Еурофарм Работник ќе се надеваат на позитивна одлука на комисијата.
 
Тимови кои аплицираа како шампиони (20 екипи): 
 
Мешков Брест (Белорусија)
ППД Загреб (Хрватска)
Алборг (Данска)
Барселона (Шпанија)
Кокс (Финска)
ПСЖ (Франција)
Флензбург (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Селфос (Исланд)
Вардар (Македонија)
Елверум (Норвешка)
Киелце (Полска)
Порто (Португалија)
Динамо Букурешт (Романија)
Чеховски Медведи (Русија)
Целје Пивоварна Лашко (Словенија)
Шафхаузен (Швајцарија)
Татран Прешов (Словачка)
Савехоф (Шведска)
Бешикташ (Турција)
Мотор Запорожје (Украина)
 
Останати апликанти (15 екипи):
 
ГОГ (Данска)
Ирун Бидасоа (Шпанија)
Монпелје (Франција)
Нант (Франција)
Шамбери (Франција)
Кил (Германија)
Магдебург (Германија)
ПИК Сегед (Унгарија)
Хендбол Еш (Луксембург)
Еурофарм Работник (Македонија)
Металург (Македонија)
Арендал Елит (Норвешка)
Виспа Плоцк (Полска)
Спортинг (Португалија)
Кристијанштад (Шведска)

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе