Македонските екипи добија лесни противници, Металург ќе игра против хрватскиот прволигаш Спачва, додека Бутел ќе се соочи со унгарскиот Ѓенѓеш.
Металург е домаќин на првиот меч, додека Бутел ќе гостува на првата средба. Првите натпревари се играат на 29 или 30 септември, реваншите се седум дена подоцна.
Ако ги поминат своите противници ќе играат во второто квалификациско коло кое е последно пред групната фаза.
Фиректно во групната фаза пласман има Еурофарм Пелистер.