Европска лига

Металург го победи Криенс, но само два гола предност ќе носи во Швајцарија

Металург дојде до посакуваната победа против Криенс, но таа не е убедлива како што се надеваа навивачите, тимот од Автокоманда триумфираше со 26:24 во салата „Јане Сандански“. 

Фото: РК Металург
На Металург нема да му биде лесно во реваншот кој ќе се игра во Цирих, Криенс денеска пружи силен отпор и покажа дека нема да биде лесен залак.
 
Швајцарскиот тим во дел од мечот имаше предност, на 15 минути пред крајот водеа со 20:18 и тогаш Металург конечно проработе. Момците на Кастратовиќ направија серија од 5-1 и тие поведоа со два гола разлика. На крајот и со толку победија 26:24.
 
Хорват и Тарабокија беа најдобрите стрелци кај Металург со по осум голови, во составот на Криенс најдобар беше Папеж со шест погодоци.
 
Реваншот се игра на 29 септември во Цирих, а победникот од овој двомеч ќе избори пласман во групната фаза од Европската лига.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РК Металург

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе