Не траеше долго приказната на Рибеиро во Металург, централниот бек раскина со македонскиот тим, објави порталот „Г-спорт“.
Металург сега ќе побара нов среден бек на ракометниот пазар кој е отворен до крајот на овој месец.
Откако го заврши настапот во Лигата на шампионите, на Металург му остануваат уште четири натпревари во СЕХА лигата, по што целиот фокус ќе биде насочен на домашната Суперлига каде целта е и оваа сезона да се задржи втората позиција зад Вардар кој се уште нема конкуренција во домашното првенство.