РК Металург

Металург го именува Кастратовиќ за нов тренер и откри со кои други преговарале

Металург потврди дека Зоран Кастратовиќ ќе биде новиот предводник на првиот тим, интересно клубот од Автокоманда откри и со кои други преговарале.

Металург преку соопштение потврди дека Зоран Кастратовиќ е новиот тренер.
 
„Раководството на Металург ја заврши потрагата по нов тренер на првиот тим и се договори со Зоран Кастратовиќ, кој ќе го замени отпуштениот Дамир Стојановиќ.
 
Во изминатите две седмици Металург преговараше со голем број еминентни тренери, на списокот беа и Ивица Обрван, Жељко Бабиќ, Бранко Тамше, Рафаел Гихоса и Ненад Кљаиќ, но на крајот договор е постигнат со Зоран Кастратовиќ.
 
Кастратовиќ е тренер со големо искуство и минат труд, а во својата тренерска кариера работел со екипи како Вардар, Кометал, Сутјеска и Ал Џаиш, а бил и селектор на женската репрезентација на Македонија, како и селектор на машките репрезентации на Црна Гора и на Иран.
 
Кастратовиќ во Металург доаѓа во најсоодветно време, пред клупскиот ангажман во ЕХФ Купот и главната разврска во македонското првенство“, стои во соопштението на клубот.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе