Суперкуп на Македонија

Металург беше лесен залак, Вардар го освои Суперкупот на Македонија

Вардар одигра доминантен меч против Металург иако крајниот резултат не го кажува тоа, победи со 26:24 и го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија. 

Металург направи големо изненадување лани кога го победи Вардар во финалето од Купот на Македонија, но денеска не можеше ништо да стори против европскиот шампион.
 
Вардар беше доминантен, водеше во текот на целиот меч, на полувремето резултатот беше 16:10.
 
Доминацијата продолжи и во вториот дел, Вардар имаше предност од 26:19 кога сопре да дава голови. Во последните седум минути шампионот не постигна гол, Металург со серија од 5-0 се избори за пораз кој изгледа пристојно, 26:24.
 
Горбок и Дибиров постигнаа по шест гол, Калараш даде четири, кај Металург Додиќ беше најефикасен со пет, Јагуриновски постигна четири.
 
Ова е прв трофеј за Писонеро со Вардар. Нареден меч за црвено-црните е дуелот со Порто кој се игра во недела.
 
 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе