„БЕСРАМЕН СКАНДАЛ, КАТАСТРОФА ЗА ЕВРОПСКИОТ РАКОМЕТ“

Металург бесен по одлуката на ЕХФ: Кај што има сила нема правдина, ќе го преиспитаме учеството во ЛШ!

Металург бурно реагира на одлуката на ЕХФ да му дозволи на Обрадовиќ без отштета да потпише за Висла Плоцк, тие велат дека одлуката е скандалозна и може да донесе последици во европскиот ракомет, клубот од Автокоманда најави и дека ќе го преиспита учеството во Лигата на шампионите.

ЕХФ денеска донесе одлука со која му дозволи на Обрадовиќ да потпише за Висла Плоцк, Металург извиси, нема да добие ниту евро од заминувањето на ракометарот.
 
Немања Обрадовиќ во Металург дојде во сезоната 2016/17 и потпиша договор „еден плус еден“, односно една година, со можност за продолжување на уште една.
 
Токму таа можност за продолжување на уште една е спорната. Металург смета дека има важечки договор со ракометарот, а Обрадовиќ и Висла тврдат дека нема бидејќи втората година не му е обврзувачка. 
 
ЕХФ пресуди во полза на полскиот клуб, по што следуваше бурна реакција на Металург која ви ја пренесуваме во целост:
 
„Ова е скандал, чист скандал. Нашето разочарување нема крај. Премногу е големо и болно бидејќи сите знаеме дека сме апсолутно во право во случајот со Обрадовиќ. Дури и тие што ја донеле оваа одлука знаат  Верувавме во правда, особено во спортска, која треба да биде најчесна и најчиста. Но, излезе дека безнадежно сме се надевале во силата на правдата, бидејќи на крај излегува дека таа може да биде изнудена и со сила.
 
Прашањето кое сега Металург го поставува на сите е: каков сигнал се праќа на сите клубови кои чесно се борат за своето место под сонцето? Како клубовите да ги уживаат своите права кога одлуките се носат присилно? Која е поентата на потпишување валиден договор со играч, кога тој не е испочитуван до крај? Дали ова значи дека сите играчи кои играат за Металург или за некој друг клуб сега се под знак прашалник и можат да потпишат за друг во секое време?
 
Дали ова значи дека сме во опасност на неколку дена до отворање на новата сезона во Лигата на шампионите?
 
Во случајот со Обрадовиќ има премногу релевантни докази дека тој е наш играч и дека тој, неговиот менаџер и Висла Плоцк ја направија најголемата измама во спортот, односно потпишаа со два клуба истовремено. Но, сè е залудно кога одлуката е донесена за да му наштети на единствениот исправен субјект во овој случај, РК Металург. Оние кои се невини се казнети, а тие кои прават грешки и спортски прекршоци се наградени.
 
На крај, со цело разочарување мора да потенцираме дека овој случај нè тера да ги преиспитаме нашите инвестирања и напори во овој спорт и во овој клуб. Ве информираме дека раководството на Металург ќе ги преиспита своите акции и учеството во европските конкуренции во кои, очигледно се пресудува според законот на посилниот.
 
Нема да веруваме дека оние кои го извршија овој скандал сметаат дека неправдите ги предизвикуваат малите клубови и федерации како Металург и Ракометната федерација на Македонија, а оние кои се посилни и без аргументи, можат да си ја остварат својата цел. Сакаме да повториме, ова е бесрамен скандал. Ова не е зошто изградивме силно и чесно ракометно семејство, ова е катастрофа на европскиот ракомет“.
 

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе