СЕХА лига

Мешков Брест му го нанесе најтешкиот пораз на Еурофарм Работник оваа сезона

Еурофарм Работник го имаше своето најлошо издание оваа сезона откако загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 31:22.

Втор пораз по ред за Еурофарм Работник во СЕХА лигата, овој беше со високи девет голови разлика.
 
Белорускиот тим имаше фуриозен старт на мечот, поведе со 6:1 по што следуваше серија од 3:0 на Еурофарм за 6:4. Кога се чинеше дека македонскиот тим се врати во игра, се случи најцрниот период на мечот на битолскиот тим, серија на Мешков од 7:0 за водство од 13:4. На полувремето се замина со водство на домаќинот од 19:12.
 
Во второто полувреме Еурофарм Работник дојде до минус четири, 22:18, но потоа брзо беше откажан дека може да се врати во игра, Мешков Брест изгледаше моќно, а тимот на Алошоски правеше многу грешки. Конечниот резултат беше 31:22.
 
Пех за македонскиот тим беше повредата на Ловро Јотиќ во првото полувреме, најдобриот играч на Еурофарм не можеше да го продолжи мечот.
 
Најефикасен во составот на Еурофарм Работник беше Ојлески со пет голови, по четири постигнаа Велковски, Граџан и Ѓукиќ, Митревски запиша девет интервенции. Микита Ваилупау со шест голови беше најефикасен кај Мешков Брест.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе