Во тимот на ПИК сегед има ракометар кој е позитивен на коронавирус, а поради тоа целиот тим е во карантин.
ЕХФ го одложи дуелот и тој ќе се одигра во некој следен термин.
Во фудбалот правилата се многу појасни, во карантин оди само играчот кој е позитивен на коронавирус, но во светот на ракометот очигледно нема строги правила.
Кога Стоилов беше позитивен на ковид-19 само тој беше во изолација, па малку е чудно зошто целиот тим на ПИК Сегед да оди во карантин а не само заразените.