Битолскиот тим сериозно се засилува

Мартин Велковски потпиша за Еурофарм Работник

Македонскиот репрезентативец, Мартин Велковски стави потпис на договор со Еурофарм Работник кој во идната сезона ќе се натпреварува во СЕХА лигата.

Еурофарм Работник донесе уште еден македонски репрезентативец, десниот бек Мартин Велковски потпиша четиригодишен договор со битолскиот клуб.
 
По одличната сезона и освоеното второ место, Еурофарм Работник го засилува тимот за новите предизвици кои се пред него. Тоа е настап во СЕХА лигата, а битолскиот тим има поднесено и апликација за настап во Лигата на шампионите.
 
Велковски е четврто засилување за Работник, претходно тие потпишаа со Митревски, Маџовски и Тарајац. Од клубот најавуваат дека работат на носење на уште неколку квалитетни играчи кои треба да го кренат нивото на тимот.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе