Полека се комплетира тимот за следната сезона

Марко Вујин е нов ракометар на Вардар!

Славниот српски десен бек, Марко Вујин потпиша едногодишен договор со Вардар, полека се комплетира тимот на црвено-црните за следната сезона. 

Вардар во Марко Вујин го најде решението за десната бековска позиција, 35-годишниот ракометар потпиша едногодишен договор со актуелниот европски шампион.
 
Вујин своите најдобри денови ги имаше во Веспрем и Кил, во Вардар доаѓа од Спортинг Лисабон каде играше само минатата сезона.
 
Вардар досега ги донесе Кантегрел, Гаџа, Векиќ, Талески, Георгиевски и Јагуриновски, а во тимот останаа и значаен дел од клучните играчи како Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Калараш, Борко Ристовски...
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе