РК Вардар

Марко Вујин две години во Вардар

Вардар го потврди и ангажманот на искусниот Марко Вујин кој потпиша двегодишен договор со актуелниот европски шампион. 

„Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар. Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во нашиот тим“, стои во соопштението на клубот.
 
Марко Вујин минатата сезона го носеше дресот на Спортинг Лисабон, а претходно седум години беше член на Кил. Има настапувано и за Веспрем, Дунафер и Синтелон.
 
Претходно Вардар како нови засилувања ги потврди и Гоце Георгиевски, Филип Талески, Анте Гаџа, Јосип Векиќ и голманот Робин Кантегрел.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе