Битолскиот тим продолжува да се засилува

Марин Вегар е ново засилување за Еурофарм Работник

Еурофарм Работник продолжува да се засилува за новата сезона, денеска стави потпис со левиот бек Марин Вегар од Босна и Херцеговина.

Еурофарм Работник го комплетираше петтото засилување ова лето, станува збор за 29-годишниот лев бек од Босна и Херцеговина, Марин Вегар.
 
Тој доаѓа од тимот на Стеауа, откако ги мина лекарските прегледи стави потпис на договор до крајот на сезоната.
 
Во својата кариера тој настапувал и за Нексе и Извиѓач.
 
Еурофарм Работник во следната сезона ќе игра и во СЕХА и во Лигата на шампионите, па во изминатиот период веќе потпиша со Никола Митревски, Мартин Велковски, Бојан Маџовски и Анже Ратајац, клубот го напуштија Мемиќ, Кузмановски и Крстевски.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе