Веспрем

Манасков потпиша нов договор со Веспрем, во Унгарија останува до 2022

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков стави потпис на нов договор со Веспрем според кој во унгарскиот клуб ќе остане до 2022 година. 

Веспрем игра одлично оваа сезона, па унгарскиот клуб почна да ги продолжува договорите со своите клучни ракометари. Еден од нив е и Дејан Манасков.
 
Актуелниот договор на македонскиот репрезентативец со Веспрем беше до 2020 година, сега тој стави потпис на договор со трајност до 2022 година.
 
Покрај Манасков денеска потпис на нови договори ставија и Петар Ненадиќ и Гаспер Маргуч.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе