Не го криеше разочарувањето по поразот и елиминацијата од ЕП

Манасков: Не знам што да кажам...Дадовме многу топки во раце, им подаривме лесни погодоци

Дејан Манасков не го криеше разочарувањето по поразот од Австрија и елиминацијата на Македонија од Европското првенство, вели дека нашата лоша игра во нападот била клучна за неуспехот.

„Црвено-жолтите“ се враќаат дома, поразот од Австрија значеше елиминација уште во првата фаза. Еден од поискусните во репрезентацијата, Дејан Манасков не го криеше разочарувањето, вели дека нашата лоша игра во нападот била клучна за неуспехот.

„Навистина не знам што да кажам. Немавме решение, не бевме подготвени за одбраната која ја постави противникот. Дадовме многу топки во раце, им подаривме лесни погодоци, ние пак не реализиравме отворени шанси. Тоа е клучот на мечот“ - вели Манасков.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе