„Трофеј Карпати“

Малку фалеше од готово да направиме вересија, Македонија минимално го победи Алжир

Македонската ракометна репрезентација со 25:24 го победи Алжир и се пласираше во финалето на „Трофеј Карпати“, на полувремето имавме предност од 15:9. 

Ракометната репрезентација на Македонија која не настапува во комплетен состав на турнирот во Романија, одигра натпревар со две различни полувремиња.
 
Избраниците на Брестовац кои преку овие пријателски натпревари треба да го убедат селекторот да ги земе на првенството во Виена одлично го почнаа денешниот меч против Алжир.
 
Македонија играше добра одбрана, a во нападот одлично функционираа Танкоски и Поповски. Како одминуваше мечот ја зголемувавме предноста и на одморот заминавме со шест голови позитива, 15:9.
 
Во вториот дел Алжир одигра значително подобро, а Македонија почна да паѓа. Противникот најпрво ја преполови разликата на 13:16, некое време се одржувавме на три голови предност, по што Алжирците дојдоа и до само еден гол негатива.
 
Во финишот од мечот Македонија цело време имаше предност од 1-2 гола разлика, Алжир пропушти неколку пати да изедначи. При резултат од 25:24, Алжир имаше напад за реми, но промашија, нашите ракометари ја задржаа топката до звукот на сирената и дојдоа до триумф.
 
Најефикасен во нашата селекција беше Танкоски со осум голови, Поповски постигна четири. Митревски имаше осум одбрани.
 
Големи заслуги за враќањето во игра на Алжир во второто полувреме одат на адреса на голманот на Вардар, Калифа Гедбан кој имаше неколку одлични интервенции.
 
Македонија во финалето на „Трофеј Карпати“ ќе игра против победникот од дуелот меѓу Романија и Холандија.
 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе