ЕХФ потврди

Македонските ракометари ќе играат еден бараж за пласман на СП 2021

ЕХФ денеска конечно објави како ќе се пополнат местата на Светското првенство 2021 за селекциите кои доаѓаат од Европа, добрата вест е што Македонија ќе игра само еден бараж. 

ЕХФ долго време одолговлекуваше со конечната одлука па се шпекулираше со разни варијанти, се очекуваше дека Македонија ќе треба да игра два баражи, но тоа нема да се случи.
 
Извршната комисија при ЕХФ денеска го потврди начинот на кој ќе се пласираат селекциите на Светското првенство.
 
Во априлскиот прв бараж ќе има четири дуели, а тие ќе бидат составени од четирите селекции кои играа квалификации, Романија, Литванија, Израел и Турција и четирите последнопласирани селекции на ЕП, Летонија, БиХ, Русија и Полска.
 
Победниците во априлските баражи ќе се приклучат на останатите селекции кои преку Европското првенство нема да се квалификуваат на СП, а меѓу нив е и Македонија.
 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе