Медитерански игри

Македонските ракометари ја декласираа Грција на стартот од Медитеранските игри

Машката македонска ракометна репрезентација со 39-21 ја победи Грција во првиот меч на Медитеранските игри во Оран, Алжир. 

Неизвесно беше само во првите 15 минути кога беше 10-10, а потоа Македонија направи серија од 8-1 и се одлепи. На полувремето водевме со 20-13.
 
И покрај големото водство во вториот дел не престанавме да ја полниме мрежата на Грците, ја зголемувавме предноста и на крајот победивме со 39-21.
 
Мартин Серафимов со седум голови беше нашиот најефикасен ракометар, Иван Џонов постигна шест, по пет дадоа Ненад Костески и Петар Атанасијевиќ. Одличен на голот беше Марко Кизиќ со 19 одбрани.
 
Македонија во второто коло кое се игра денеска ќе се сретне со домаќинот Алжир, мечот почнува од 19 часот.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе