ЕХФ Шампионат У19

Македонските млади ракометарки едвај го победија Косово, ќе се борат за петтото место на ЕХФ шампионатот

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години го совлада Косово со 31:30 и ќе се бори за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот.

Младите македонски ракометарки имаа потешкотии да ја победат селекцијата на Косово која имаше и предност на полувремето од 14:12.
 
Во второто полувреме Македонија беше подобра и на крајот дојде до тешка победа од 31:30.
 
Најефикасна во нашиот состав беше Седлоска со осум голови, пет постигна Динарица, а по четири Божиноска и Смајлоска.
 
Македонија за петтото место ќе игра против Фарските Острови кои беа убедливо подобри од Грузија со 31:21.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе