ЕХФ шампионат до 18 години

Македонските кадети го прегазија Косово, победа од 23 разлика

Македонската ракометна репрезентација до 18 години убедливо со 39-16 го победи Косово на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Рига, Летонија. 

Косово добро го почна натпреварот, ништо не наговестуваше дека ќе доживеат дебакл, на почетокот беше рамноправно, тие водеа, а Македонија по извесно време се рабуди и дојде до 9-9.
 
Потоа почна нашата доминација, на полувремето имавме предност од 21-11. Во вториот дел продолживме во исто темпо и на крајот дојдовме до победа од дури 23 гола разлика, 39-16.
 
Најдобар ракометар во нашиот состав беше Петковски со девет голови, по пет постигнаа Узунчев и Димковски.
 
Вчера Македонија ја победи Турција, а во четврток играме против домашната селекција на Летонија.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе