ЕП 2020

Македонија загуби од Чешка, мисијата за пласман во втората фаза станува потешка

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден меч со драматичен финиш, овој пат крајот беше тажен, поразени сме од Чешка со 27:25. 

Македонија доживеа пораз од Чешка во вториот меч на Европското првенство, сега треба да го поминеме потешкиот пат за пласман во втората фаза.
 
Нашата репрезентација одигра одлично прво полувреме, особено во одбраната која функционираше беспрекорно и покрај тоа што Борко Ристовски имаше само три интервенции. Чесите тешко го наоѓаа патот до нашата мрежа, на одмор заминавме со со предност од 11:9.
 
Но следуваше пад во второто полувреме, Чешка почна со серија од 5:1, го сврте мечот и го диктираше резултатот. Чесите дојдоа и до највисоки четири голови разлика, 22:18, но Македонија се разбуди во финишот и успеа да го изедначи резултатот.
 
Бевме во игра се до последната минута, но овој пат драматичната завршница не беше во наша полза, Чешка заслужено победи со 27:25.
 
Падот во второто полувреме беше клучен за поразот, во вториот дел примивме 18 голови, двојно повеќе отколку во првиот. Товарот и овој пат беше на плеќите на Кире Лазаров кој беше убедливо најдобриот наш ракометар. Најефикасен во составот на Чешка беше Каспарек со седум гола, Здрахала и Бабак постигнаа по пет.
 
Кире Лазаров постигна дури 11 голови, Манасков даде пет, Георгиевски четири. Голманите немаа свој ден, Брестовац се одлучи да почне со Борко и покрај одличната партија на Митревски против Украина, денеска имавме само пет интервенции.
 
Сега во последното коло мора да ја победиме Австрија која во првото коло ја совлада Чешка. Но може да имаме триумф со повеќе од еден гол разлика, бидејќи при наш триумф многу веројатно е дека ќе има три селекции со по две победи меѓу кои ќе се формира мини табела. 
 
 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе