Пријателски натпревар

Македонија во подмладен состав лесно го совлада Чиле

Македонската ракометна репрезентација иако играше со подмладен состав без поголеми потешкотии дојде до победа против Чиле од 25-21 во првиот од двата пријателски меча со оовоаа репрезентација. 

За овие натпревари селекторот Брестовац повика комбиниран состав, во него е и Кире Лазаров но тој не влезе на денешниот меч. Беше 4-4 во осмата минута кога почнавме да се одлепуваме, Чиле десет минути не постигна гол, ние направивме серија од 4-0 и дојдовме до предност од 8-4.
 
Имавме и највиски пет гола разлика 11-6, но на одморот се замина со водство за македонската репрезентација од 15-11.
 
Во второто полувреме Чиле најмногу што направи е доближување на два разлика 18-16, но потоа со серија од 3-0 се вративме на солидна разлика за комфорен финиш и победа од 25-21.
 
Пешевски и Серафимов со по пет гола беа најефикасни, Маџовски даде три, а по два Танкоски, Костески, Мишевски, Ѓорѓиевски и дебитантот Цветан Кузмановски. Митревски имаше осум одбрани во првиот дел, Томовски пет во второто полувреме.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе