СП Скопје 2019 У19

Македонија во драматична завршница го совлада Бахреин за втора победа на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години ја забележааа втората победа на Светското првенство и забележа пласман во осминафинале откако вечерва во драматична завршница ја доби пресметката со Бахреин со 27-25.

Македонските ракометни надежи се радуваат на нова победа на СП, вечерва ги совладаа своите врсници од Бахреин. До новиот триумф, избраниците на Данило Брестовац стигнаа преку драматична завршница.

„Црвено-жолтите“ слично како и на претходниот меч, постојано беа во водство но никако не успеваа да го скршат противникот. На пауза заминавме со предност од 12-9, а позитива одржувавме се до пет минути пред крајот кога Бахреин изедначи на 23-23.

Па настана бркотница на теренот, Македонија сепак ја задржа смиреноста и на десетина секунди до последниот звук на сирената погоди за 27-25 и ја осигура победата која значи пласман во осминафинале

Мартин Серафимов со 10 погодоци беше најдобар поединец на теренот, а солидна партија пружи и Ненад Костески со 7 погодоци.

Утре е слободен ден за нашата репрезентација, а во недела се среќаваме со фаворитот Данска.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе