Квалификации за ЕП 2020

Македонија убедливо поразена од Шведска

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Шведска со 35:26 на стартот од квалификациите за Европското првенство 2020.

Македонските ракометарки добро го почнаа мечот и беа рамноправни во воведните минути, беше 6-5 за Шведска кога домаќинките почнаа да се одлепуваат. На полувремето се замина со водство од 20:13 за домашната селекција.
 
Убедливото водство ги опушти Швеѓанките, го намалија темпото но повторно беа подобри од нашата селекција. На крајот се радуваа на победа од девет голови разлика, 35:26.
 
Сара Ристовска со пет гола беше најефикасна во македонската репрезентација, Ливриниќ и Стојановска постигнаа по четири.
 
Следниот натпревар на Македонија е на домашен терен против Чешка, мечот се игра во сабота во 18 часот, влезот е слободен.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе