Бараж за пласман на СП

Македонија со високи 11 негатива се враќа од Романија

Македонските ракометарки доживеаа тежок пораз на гостувањето кај Романија, загубивме со 33-22 во првиот бараж меч, реваншот ќе биде само формалност. 

Нашите ракометарки не успеаа да изборат резултат кој ќе м донесе надеж дека може да се помине Романија. Романките сепак се пресилен ривал за оваа наша селекција.
 
Македонија во добри делови од мечот со носеше со Романија, но имавме падови во кои противникот правеше серија и на крајот дојдоа до убедлива победа.
 
Почнавме добро, се играше изедначено во првите 15 минути, но потоа Романките направија серија од 7-0 и се одлепија, на полувремето имаа предност од 15-11.
 
Во вториот дел исто сценариот, во воведниот дел бевме добри, но потоа следуваше пад и серија на Романија која на крајот дојде до победа од 33-22.
 
Немавме решение за Неагу која постигна 11 голови, во нашата репрезентација најдобра беше Сара Ристовска со осум погодоци, по пет дадоа Моника Јанеска и Симона Стојановска.
 
Реваншот се игра во среда од 17 часот во салата „Јане Сандански“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе