Квалификации за ЕП 2020

Македонија со тешка победа над Турција го завери пласманот на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација извојува тешка но многу значајна победа на гостувањето кај Турција од 26:25 со која го заверивме пласманот на Европското првенство, асамо чудо треба да се случи за да не го освоиме првото место во квалификациската група.

Македонските ракометари сериозно се испотија за да дојдат до триумф во Турција каде влегоа како фаворити. Домаќините во еден момент имаа позитива и од четири голови разлика, но на крајот добро се заврши за Македонија.
 
Натпреварот почна изедначено, Турција водеше со 3-2 кога Македонија направи серија од 5-0 и дојде до водство од 7-3. Во тие моменти се чинеше дека ја имаме контролата на резултатот и нема да биде тешко да дојдеме до очекуваниот триумф. 
 
Турција полека почна да ја топи нашата предност, во финишот од првиот дел имаа серија од 6-1 по која на полувремето заминаа со водство од 13-11.
 
Во второто полувреме домаќините дојдоа до за нив највисоки четири голови предност 19-15, туку се уклучи алармот во македонската репрезентација која наеднаш се крена, направија серија од 7-2 и повторно дојде во водство. До крајот на мечот беше неизвесно, Турција имаше напад за израмнување, но одличниот Митревски го одбрани последниот шут и радоста за победата можеше да почне.
 
Лазаров со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Талески постигна пет. Во составот на Турција Пеливан даде десет гола, а одличен меч имаше и нивниот голман Озмосул со 16 интервенции. Нашите голмани имаа вкупни десет интервенции, Ристовски четири и Митревски шест.
 
Со оваа победа го заверивме пласманот на Европското првенство 2020 година, а со триумф над Грција во недела во Струмица наше ќе биде и првото место во групата кое ќе ни донесе подобра позиција во ждрепката.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе