СП 2021

Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација одигра солиден натпревар против Белорусија, но не избегна нов пораз, загубивме со 30:26. 

Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Египет со пет порази и само една победа. Овој пат загубивме од селекцијата на Белорусија.
 
За разлика од минатите порази, овој пат Македонија одлично го почна мечот, во голем дел од првото полувреме го имавме и водството, на одморот се замина со нерешени 14:14.
 
Бевме рамноправни и во првите десетина минути од второто полувреме, беше 20-20 кога почнавме да играме лошо во нападот, а тоа го искористи Белорусија, која направи серија од 6-1, се одлепи и рутински го приведе мечот до крај за конечни 30-16.
 
Кире Лазаров со седум гола беше нашиот најдобар ракометар, Кузмановски постигна четири, Пешевски и Поповски по три, Митревски имаше осум одбрани. Во составот на Белорусија, Кулеш постигна седум гола.
 
Македонија имаше разочарувачки настап на Светското првенство, пет порази и една победа, од петте порази дури четири беа со двоцифрена разлика.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе