Кадетско СП Скопје 2022

Македонија со пораз го заврши настапот на Светското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години на 12. место го заврши настапот на Светското првенство кое се играше во Скопје откако денеска доживеа пораз од Хрватска со 32-28. 

Фото: РФМ
Македонските ракометарки имаа катастрофално прво полувреме кое го загубија со десет голови разлика, на одморот Хрватска замина со водство од 20-10. На почетокот од вториот дел Хрватките дадоа уште два гола и дојдоа до највисоки 12 разлика. Македонија тогаш се разбуди, направи серија и дојде на минус три, беше 26-23 за Хрватска.
 
Сепак Хрватките не дозволија да се случи сензација, зголемија на шест позитива и рутински го приведоа натпреварот до крај до нивна победа од 32-28.
 
Емилијана Ризоска беше најефикасна во нашиот табор со девет гола, а Теодора Дукоска додаде шест. Анџела Жагар со девет беше најефикасна кај Хрватките, а шест даде Ива Буле.
 
Со овој пораз Македонија на 12. место го заврши настапот на Светското првенство.

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе