Квалификации за ЕП 2022

Македонија со победа над Швајцарија ги заврши најдобрите квалификации во историјата

Македонија со 29:28 славеше над Швајцарија и со пет победи и еден пораз ги заврши квалификациите за Европското првенствоо. 

На Швајцарија и одговараше и бод за пласман на Европското првенство, но Македонија одигра максмално ангажирано и професионално и со победа ги заврши квалификаците.
 
Во првото полувреме Швајцарија беше подобар противник, имаше предност и од три гола разлика, но нашата репрезентација го крена нивото во вториот дел и го сврте мечот.
 
На десетина минути пред крајот, направивме серија од 4-1, поведовме со 26-23 и успеавме да ја одржиме предноста до крајот на мечот за победа од 29-28.
 
Никола Митревски имаше брилијантна партија со 16 одбрани, а постигна и гол. Филип Кузмановски и Кире Лазаров со по шест гола беа најефикасни. Во составот на Швајцарија Шмид и Рубин постигнаа по осум гола, Портнер имаше 11 одбрани.
 
Квалификациите ги завршивме со пет победи и еден пораз што е најдобар учинок за Македонија во едни квалификации.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе