СП Скопје 2019 до 19 години

Македонија со победа над Аргентина го заврши настапот на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација до 19 години го заврши Светското првенство кое се одржува во Скопје откако денеска во последниот свој настап ја совлада Аргентина со 29:25.

Македонија уште еднаш се сретна со Аргентина, за разлика од групната фаза овој пат се радувавме по натпреварот откако ја добивме битката за 13. место.
 
Младите македонски ракометари без притисок одиграа подобар меч од претходно. Направија водство на почетокот од 5:2 кое не го испуштија. Предноста ја зголемуваа а на одморот отидоа со водство од 15:8.
 
Одлично го почнавме и второто полувреме, водството достигна највисоки девет голови разлика 18:9. Откако стана јасно дека ќе го добиеме овој меч, Брестовац им даде поголема шанса на оние кои беа на клупата, тоа го искористи Аргентина само да го ублажи поразот на четири голови, 29:25.
 
Симоноски со девет голови од девет шута беше прогласен за играч на мечот, Младеновиќ даде шест, Ќосевски четири.
 
Македонија мундијалот на кој е домаќин го заврши на 13. место со три победи и четири порази.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе