ЕХФ потврди

Македонија, Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини на Европско првенство во ракомет

ЕХФ денеска на состанок во Глазгов потврди дека Македонија, Словенија и Црнга Гора ќе го организираат женското Европско првенство во ракомет во 2022 година.

Ваквиот исход се знаеше и претходно бидејќи заедничката кандидатура на Македонија, Словенија и Црна Гора беше единствена за организација на Европското првенство за жени во 2022 година. Но од денес е и официјално.
 
Првичниот план е четирите групи да се играат во Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје. А целата завршница да биде во Љубљана. Тоа значи дека Македонија би била домаќин само на групата каде што ќе игра нашата репрезентација, натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.
 
ЕХФ потврди и дека Европското првенство во 2022 година за мажи ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе