Македонија се спасуваше од пораз против Италија

По вчерашната победа над Турција, македонската ракометна репрезентација денеска одигра нерешено со Италија, 26:26. 

Подмладената селекција на Македонија одигра нерешено против Италија спасувајќи се од пораз во финишот од мечот.
 
Првото полувреме беше изедначено, на одморот се замина со нерешени 12:12. Во вториот дел Италија се одлепи на пет голови разлика 22:17, но финишот и припадна на Македонија. Пред самиот крај Мартин Поповски од пенал погоди за конечни 26:26.
 
Поповски со осум голови беше најефикасен во нашата селекција, Пешевски и Такоски постигнаа по четири. Томовски запиша девет одбрани.
 
По овој натпревар македонските ракометари се враќаат во Скопје каде следуваат два пријателски меча против Грузија на кои ќе настапат и дел од поискусните репрезентативци.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе