СП 2019

Македонија победнички тргна на СП, убедлив триумф над Јапонија!

Старт каков што посакувавме, македонската ракометна репрезентација со победа над Јапонија од 38:29 го почна Светското првенство во Германија и Данска, Борко Ристовски имаше брилијантна партија со 20 одбрани.

 
Почеток според планот, Македонија одигра одличен, сигурен меч против Јапонија и забележа убедлива победа од девет голови разлика на стартот на Светското првенство.
 
Момците на Раул Гонзалез беа фокусирани во текот на целиот меч, одиграа речиси без пад, функционираа сите позиции во нападот, а на голот одлична партија имаше Борко Ристовски.
 
Добро го почнавме мечот, поведовме со 3-1, но Јапонија со серија од 3-0 го превзема водството. Сепак следуваше фантастичен период на нашата селекција со серија од 7-1, за предност од 10-5. Водството од пет голови разлика го одржувавме до одморот, на полувремето се замина со 18:13.
 
Во второто полувреме ја одржувавме предност во најголемиот дел, а во финишот тотално го разбивме противникот за конечна победа од 38:29.
 
Борко Ристовски имаше фантастична партија со 20 интервенции. Најмногу голови постигна Кире Лазаров осум, четири од нив беа од пенал, Манасков даде седум, Стоилов шест, по четири пати реализираа Пешевски и Кузмановски.
 
Во второто коло Македонија игра против Бахреин, тој меч се игра во недела со почеток од 14 часот.
 
 
 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе