Бараж за пласман на СП 2019

Македонија оди на Светско првенство, Романија немаше сили за изненадување

Македонската ракометна репрезентација ја сочува големата предност, загуби со 26:25 во Романија но на крајот се радуваше на пласман на Светското првенство во Германија и Данска.

 
Македонија го продолжува континуитетот на настапи на големите ракометни смотри, избраниците на Раул Гонзалез ја оправдаа улогата на фаворит во баражот со Романија и без големи проблеми се пласираа на Светското првенство кое на почетокот од идната година ќе се одржи во Германија и Данска.
 
Во салата во Клуж немаше нормални услови за натпревар, температурата беше над 30 степени целзјусови, но ракометарите го надминаа тој момент и се враќаат со она по кое тргнаа, визата за Светското првенство.
 
Чави Пасквал се обиде да изненади со тактиката, во првиот дел Романија играше 7-6 во нападот и тоа им одеше од рака, нашите ракометари неколку пати промашија од гол на гол, на одморот заминавме со негатива од 12:11.
 
Во вториот дел Романија дојде до позитива од 24:20 и во тие моменти можеби се понадеваа дека ќе направат изненадување, но нашите ракометари со неколку голови ги откажаа. На крајот тие победија со 26:25, но Македонија славеше пласман на Мундијалот.
 
Дејан Манасков со седум гола беше најефикасен, шест постигна Кире Лазаров. Борко Ристовски имаше девет одбрани.
 
Ова е четврти пласман за Македонија по ред на Светско првенство, шесто во историјата.
 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе