Квалификации за ЕВРО 2022

Македонија од вториот шешир ќе влезе во квалификациите за ЕВРО 2022

Македонската ракометна репрезентација од вториот шешир ќе биде извлечена на ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија во 2022 година.

ЕХФ ја соопшти процедурата за ждрепката за квалификациите за ЕП 2022. Групите ќе бидат извлечени на 16 јуни во Виена.

Македонија се најде во вториот шешир заедно со селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија. Тоа значи дека ниту една од овие селекции нема да ни се падне за противник.

Во првиот шешир се селекциите на Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка и Исланд.

Во третиот се Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија и Белгија.

Во четвртиот шешир се Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово и Фарските Острови.

Првите две селекции од осумте групи одат директно на Европското првенство како и четири најдобри третопласирани. Што значи дека би било изненадување ако Македонија не се најде на големиот континентален собир.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе