Добра вест е што нема да играме во Норвешка

Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација на првото место ги заврши квалификациите за ЕП 2020 кое ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска, во ждрепката ќе биде сместена во вториот шешир.

Со победата над Грција во Струмица го заверивме првото место во квалификациската група за Европското првенство 2020 кое ќе се одржи во три земји и за прв пат ќе биде со 24 репрезентации.
 
Австрија, Норвешка и Шведска се домаќини. Првата фаза ќе се игра во Грац, Виена, Трондхајм, Малме и Гетебург. Главните рунди ќе бидат во Виена и Малме, а полуфиналето и финалето ќе се игра во Стокхолм.
 
Ждрепката ќе се одржи на 28. јуни во 18:45 часот во Виена. Македонија ќе биде влечена од вториот шешир во кој уште се Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија.
 
Ќе има шест групи со по четири репрезентации. Организаторите имаа право да си одберат група, а ЕХФ уште сега ги распореди и Хрватска, Германија и Данска. 
 
Добрата вест е што Македонија сигурно нема да игра во Норвешка, бидејќи од вториот шешир Германија и Данска ќе играат во групите Ц и Д во Трондхајм кој е најдалечен град за македонските навивачи. Нашата селекција може да игра во Грац, Виена, Малме или Гетеборг.
 
 
Првите две селекции од секоја група ќе се пласираат во една од двете главни групи кои ќе бидат составени од по шест репрезентации. Првите и вторите од тие групи ќе играат во полуфиналето во Стокхолм.
 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе