СП Скопје У19

Македонија немаше сили за комплетен пресврт, пораз од Португалија во осминафиналето на СП

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години е поразена од Португалија во осминафиналето на Светското првенство, „црвено-жолтите" немаа сили за комплетен пресврт и загубија со 29-25.

По лекцијата од Јапонија во последниот натпревар од групната фаза, избраниците на Данило Брестовац вечерва одиграа машки, храбро се бореа, но во финишот снемаа сили и беа поразени од Португалија во осминафиналето на Светското првенство.

Натпреварот почна рамноправно, се играше гол за гол, а Македонија беше таа која прва се одлепи на два позитива (6-8). Потоа имавме и игарч повеќе и шанса да креираме поопиплива предност, но Португалија со исклучен играч стигна до егал (8-8).

Противникот во финишот на првиот дел почна да диктира темпо и се избори за преднос од 15-12 на пауза.

На отварањето на вториот дел, нашиот голман Кизиќ имаше неколку добри интервенции, тоа ни даде крилја и стигнавме до изедначување (18-18) во 43. минута од мечот.

Одново следуваше период на изедначена игра, за Македонија до 54. минута да се врати во предност (23-24). Но противникот брзо направи серија од 3-0 и натпреварот влезе во драматична завршница. Македонија потоа се приближин на еден негатива, имавме и играч повеќе, и наместо да го ставиме противникот под притисок, направивме серија грешки и Португалија на крајот се радуваше на триумф од 29-25.

Мартин Серафимов со 9 погодоци беше прв стрелец во редовите на Македонија, а солидна партија имаше и Младеновиќ со шест погодоци.

Кадетите сега ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе