За прв пат по една деценија нема да настапиме на Мундијал

Македонија нема да игра на СП во Египет, не добивме вајлд-карта!

Македонската ракометна репрезентација нема да игра на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Египет откако не добивме вајлд-карта од ИХФ. 

Поради пандемијата со ковид-19, беше одлучено европските земји на СП во Египет 2021 да се пласираат според пласманот на последното Европско првенство. Македонија за една позиција не успеа да се пласира, па чекавме да добиеме една од двете вајлд-карти.
 
Тоа не се случи, ИХФ одлучи Полска и Русија да ги добијат вајлд-картите иако Македонија беше значително подобро пласирана на ЕП и од двете селекции. Ние завршивме на 15. место, Русија беше 21., а Полска 22.
 
Ова значи дека Македонија за прв пат по една деценија нема да игра на Светско првенство, тоа последен пат се случи во 2011 година.
 
 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе