СП 2021

Македонија нема да игра на СП во Египет!

Македонската ракометна репрезентација нема да настапи на Светското првенство во Египет кое треба да се игра следната година, ЕХФ одлучи да ги откаже бараж мечевите и според пласманот на последното ЕП да ги одреди патниците. 

На денешната конференција, ЕХФ одлучи поради пандемијата со коронавирусот да ги откаже бараж мечевите за пласман на Светското прпвенство 2021 година кое ќе се игра во Египет.
 
Патниците на Мундијалот се одредени според пласман на Европското првенство, најдобрите 14 ќе играат во Египет, а Македонија заврши на 15. место.
 
Сепак постои мала надеж ракометарите да го продолжат континуитетот со настапи на големите првенства ако ИХФ ни додели една од двете вајлд карти. Се шпекулира дека едната од тие ќе биде за селекцијата на САД.
 
Од денешниот состанок лоша вест дојде и за Вардар кој без борба е елиминиран од Лигата на шампионите откако ЕХФ одлучи да нема осминафинале и четвртфинале туку најдобрите четири директно да одат на фајнл-фор.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе